3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp продолжува забрзано да расте

WhatsApp продолжува забрзано да расте

whatupasa

„WhatsApp“ во последно време бележи значителен раст во бројот на корисници.

Уште во октомври „WhatsApp“ имаше 350 милиони корисници. Компанијата сега објави нови податоци, според кои бројот на корисници на оваа апликација за размена на инстант пораки надмина 400 милиони.

Статистиката го вклучува бројот на месечно активни корисници, а експлозивниот раст на бројот на корисници продолжува од претходно. Пред само четири месеци „WhatsApp“ имаше 300 милиони корисници.

Зад развојот на оваа апликација стои компанија со само 50 вработени. Според зборовите на основачот на компанијата, до овие достигнувања стигнале без рекламирање, а популарноста на апликацијата се пренесува како информација меѓу самите корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП