5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги објави плановите за 11 нови модели

Audi ги објави плановите за 11 нови модели

audi koli najava

Извршниот директор на компанијата „Audi“, Руперт Штадлер ги потврди плановите за претставување на 11 потполно нови модели. Тој несакаше да открие повеќе детали во врска со ова, но рече дека компанијата продолжува да ја пишува успешната приказна и дека ќе го прошири својот опсег на производи од моменталните 49 на 60 модели.

Штадлер истакна дека „Audi“ гледа одличен потенцијал за натамошно проширување, особено во сегментот на „SUV“ модели и престижната категорија на „SUV“ модели со целосна големина.

Кога станува збор за „SUV“ сегментот, „Audi“ веќе ги најави плановите за претставување на моделот „Q1“ за 2016-та година. На овој автомобил ќе му се придружат неколку кросовери, а станува збор за моделите „Q2“, „Q4“, „Q6“ и „Q8“.

Според проценките на производителот од Инглоштад, „Audi“ оваа година на своите купувачи би требало да им испорача 1.5 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП