18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпаметниот клуч на сите времиња ја отвора вратата на BMW i8, но...

Најпаметниот клуч на сите времиња ја отвора вратата на BMW i8, но и многу повеќе!

kluc bmw

Еколошкиот автомобил на „BMW“ – „i8“ може да се пофали со уште една карактеристика која ќе ги импресионира потенцијалните купувачи: „паметен“ привезок за клучеви, кој изгледа, но и функционира, како ниту еден клуч досега!

Имено, инсајдер во компанијата „BMW“ сподели слика која покажува како би можел да изгледа „паметниот“ клуч за моделот „i8“. Судејќи според сликата, клучот би поседувал свој сопствен „LCD“ екран кој би прикажувал најразлични корисни информации, како што е состојбата со горивото, времето кога последен пат е налеано гориво или пак растојанието кое возилото може да го помине пред да снема гориво.

Но тоа не е се. Постојат индикации дека клучот за „BMW i8“ би можел да има и тестери кои корисникот би ги прилагодил за своите потреби и кои би активирале одредени функции.

Инаку, во денешниот свет исполнет со најразлични „паметни“ уреди кои користат различни видови на екрани и големини, „паметните“ клучеви и „паметните“ автомобили не би требало да бидат некое изненадување. Како и да е, концептниот клуч за „BMW i8“ се уште треба да се потврди од германскиот производител на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП