13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите интернет сервиси во 2013-та

Најдобрите интернет сервиси во 2013-та

vine mine

Сервисот на „Twitter“ – „Vine“, дизајниран околу идеата неговите корисници да снимаат кратко филмче од 6 секунди, кој кај нас навистина не е толку популарен како во светски рамки (како и самиот „Twitter“), но тоа не го спречи во годинешниот избор на интернет сервиси на годината да ја земе мнозинската победа. Рака на срце, оваа година неможевме да видиме многу нови и иновативни сервиси – најголемите напредоци беа остварени со подобрување на постоечките.

Тоа незначи дека „Vine“ како таков се обидуваме да го маргинализираме. Станува збор за многу интересен и релевантен сервис кој не го препознаваат само неговите корисници, туку во поново време и бројните компании кои го гледаат како потенцијална платформа за рекламирање. Ограничувањето на времетраењето на видеата на шест секунди се чинеше како грубо и екстремно. Меѓутоа набргу се покажа дека тоа од луѓето ја извлекува нивната бескрајна креативност, па така денес на „Vine“ има многу интересни, духовити и импресивно инветивни содржини.

На второ и трето место се најдоа „Google Keep“ и „Evernote“, кои се два сервиси од ист вид, а служат за изработка на белешки, пописи и потсетници. Интересно е што „Keep“ е пред „Evernote“, затоа што и покрај тоа е значително поназад во поглед на можностите. Па којзне по кој пат, едноставно победува!

Топ 10 најдобри интернет сервиси:

1. Vine – 31,00%

2. Google Keep – 27,00%

3. Evernote – 17,25%

4. StumbleUpon – 5,63%

5. Pocket – 5,38%

6. Goodreads – 4,50%

7. Presto.fm – 4,25%

8. Booki.sh – 2,25%

9. Okvirstagram – 1,50%

10. Statigr.am – 1,25%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП