3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „ѕвер“ на Кавасаки - Z1000

Новиот „ѕвер“ на Кавасаки – Z1000

z1000

Одамна поминаа времињата кога „нејкед“ мотоциклите беа со лимитирана снага. „Нејкед“ моделите од новата генерација денес по правило се само нешто поблага верзија на бруталните супербајк мотоцикли, па така им одговара и името „супер-нејкед“. Еден таков пример е Кавасаки – „Z1000“ кој е директен потомок на годинешниот „крал“ на „SBK“ натпреварувањето.

Кавасаки ја претстави досега најбруталната верзија „Zeda“, скоро десет години откако првиот „Z1000“ се појави на пазарот. Мотоциклот кој се појави во Милано не само што е многу брутален во визуелна смисла, туку и технологијата е на високо ниво, но различно и неможе да биде, бидејќи пазарот е незапирлив.

Наследството кое го остави „Z750“ едноставно треба и натаму да се оддржува. Кавасаки тоа го стори преку моделот „Z800“, a сега на помош му пристигнува и „Z1000“.

Веќе самиот дизајн е доволен да видиме дека новиот „Z1000“ е нешто посебно. Моќните линии инспирирани од филозофијата на Кавасаки – „Sugomi“, лед светлата и минималистичката предна маска придонесоа за мистичниот изглед на овој мотоцикл.

Кавасаки го доработи и моторот со кој се придвижува овој модел, но конкретните податоци и натаму се тајна. Тоа што го знаеме е дека новиот „Z1000“ подобро реагира при мал број на вртежи, што претходно претставуваше проблем. Една од промените е и новиот ауспух кој значително го намалува нивото на бучава која мотоциклот ја произведува при мал број на вртежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП