3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна Lamborghini Huracan (фото+видео)

Пристигна Lamborghini Huracan (фото+видео)

huracan

„Lamborghini“ ги објави првите фотографии и технички детали од моделот „Huracan“ кој ќе претставува замена за „Gallardo“.

За моделот „Huracan“ во медимите многу се шпеклираше, со оглед на тоа што „Lamborghini“ досега не беше подготвен да ги открие официјалните детали. Првите информации посочија дека автомобилот ќе го добие името „Cabrera“, а од неодамна беше откриено дека наследникот на „Gallardо“, сепак ќе се нарекува „Huracan“.

huracan1

Фотографиите откриваат дека станува збор за автомобил со значително современ дизајн во однос на претходникот кој беше претставен далечната 2003-та година, но и дека не е нарушен специфичниот стил на „Lamborghini“.

Предниот дел на „Huracan“, со новиот обилик на фаровите, спуштениот „нос“ и големите отвори за воздух, допринесуваат автомобилот да изгледа поагресивно во однос на моделот „Gallardo“.

huracan3

Лаковите на тркалата се значително нагласени, а отворите за воздух пред задните тркала се помали и се поставени пониско во споредба со претходникот.

Позади се истакнуваат модерно обликуваните стоп-светла, целосно променетиот дизајн на браникот и двата пара на издувни цевки. Како што се очекуваше, „Huracan“ ќе добие погон од 5.2 литарскиот V10 мотор.

huracan4

Од „Lamborghini“ соопштија дека агрегатот испорачува 610 ks (448 kW) при 8.250 o/min, додека максималниот вртежен момент од 560 Nm ќе биде достапен на 6.500 o/min.

Слушнете го звукот на овој мотор на видео снимката која ја објави „Auto Bild“ на својот „YouTube“ канал:

Автомобилот тежок 1.422 kg ќе забрзува од 0 дo 100 km/h зa 3,2 секунди, а за да ја достигне брзината од 200 km/h ќе му биде потребно 9,9 секунди.

Снагата од моторот ќе се пренесува на сите четири тркала со помош на автоматскиот менувач со двојно квачило, а возачите при управувањето на располагање ќе имаат три начини: „strada“, „sport“ и „corsa“. „Huracan“ стандардно ќе биде опремен со керамички сопирачки.

huracan2

Сите неопходни информации во текот на возењето ќе се добиваат по пат на „TFT“ екранот кој ја замени класичната инструмент табла.

Почетокот на продажбата и цената на „Lamborghini Huracan“ ќе бидат познати пред неговата официјална премиера која е закажана за март 2014-та на саемот во Женева.

Какви се вашите први впечатоци од „Lamborghini Huracan“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП