9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAlkohut го претвара вашиот смартфон во алко-тест (видео)

Alkohut го претвара вашиот смартфон во алко-тест (видео)

alhohut

Без разлика колку и да се говори за возењето под дејство на алкохол, секогаш ќе најдете луѓе кои се подготвени да го ризикуваат својот и животот на другите и тоа по само неколку испиени пијлоци да можат удобно да се вратат дома со своето возило. На човековата глупост сега напомош и пристигнува уредот „Alkohut“ кој е прикачен на вашиот смартфон и станува прецизен алко-тест кој ќе ви каже дали е безбедно да управувате со автомобил.

Најголема грешка на возачите кои се подготвени да се управуваат со автомобил по пиење алкохол е во тоа што не знаат да проценат какво е влијанието на испиените пијалаци на рефлексите, моторните функции, но и дали ја надминале легалната граница на дозволен процент на алкохол во крвта.

“Alkohut” е уред кој чини 88 евра и е во комбинација со апликација за вашиот смартфон, а служи токму за спречување на непромисленото седнување зад волан во пијана состојба.

Покрај мерењето на процентот на алкохол во крвта, апликацијата ја бележи и историјата на вашето конзумирање на алкохол, броевите на такси службите, како и списокот на отворените ресторани во околината во кои можете да се отрезните.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП