16 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLara Croft ја освојува платформата iOЅ

Lara Croft ја освојува платформата iOЅ

lara croft

Веќе со години популарната игра „Tomb Raider“ – и тоа оргиналната верзија – од сега е достапна и за корисниците на уреди со оперативниот систем „iOS“.

Играта е компатибилна на „iPhone“, „iPad“ и „iPod Touch“, а може да се превземе по пат „iOS App Store“ по цена од 0,82 евра. Играта е оптимизирана за „iPhone 5“, се бара користење на оперативниот систем „iOS7“, а контролите се овозможени по пат на екранот на уредот, но поддржува и контролери.

Првата игра „Tomb Raider“ се појави на конзолата „PlayStation 1“ уште во 1996-та година. Во играта „Lara Croft“ истражува „3D“ светови, решава загатки и се бори против непријателите, како што се мечки, волци, па дури и диносаурсите.

„Square Enix“ во својата најава вели дека играчите може да очекуваат „комплетно, неиздадено искуство за возрасни“, со кое ја претставија „Larа“ на светот пред скоро две децении. Покрај оргиналната игра, играчите ги очекува и две дополнителни ниво, што заедно сочинуваат скоро 15 часа „gameplay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП