26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвто-компаните сакаат еден тест за безбедност

Авто-компаните сакаат еден тест за безбедност

testovi koli

Производителите на автомобили се залагаат за воведување на единствена процедура при тестирањето на безбедноста на своите модели во ЕУ и САД, што меѓу останатото, ќе им донесе значајни заштеди во процесот на развој и конструирање на нови автомобили.

За да имаат успех во продажбата на возила на пазарите во Европската Унија и САД, авто-компаниите мораат да ги задоволат двете различни процедури на тестови за безбедност кои ги пропишуваат и спроведуваат „EuroNCAP“ и американскиот Институт за безбедност на патиштата (IIHS). Тоа подразбира и големи трошоци при развојот на нови модели, се со цел да се исполнат различните стандарди на кои инсистираат овие две институции.

Авто-компаниите веруваат дека би заштедиле стотина милиони евра доколку процедурите би се обединиле во единствен тест за безбедност кој би важел за двата пазари. Поради тоа производителите побарале помош од одговорни научни институции чија задача ќе биде да пронајдат заеднички јазик помеѓу европските и американските безбедносни стандарди.

За таа цел ангажирана е група на истражувачи која се занимава со проблемите во сообраќајот на Универзитетот во Гетебург и експерти од Институтот за сообраќај на Универзитетот во Мичиген.

testovi koli 1

Нивната задача е да им помогнат на лобистите од авто-компаниите кои треба да ги убедат властите од двете страни на Атлантикот дека постои потреба за воведување на единствени безбедносни стандарди. Идејата е да се спроведе консолидација во рамките на најавениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД.

Зад оваа иницијатива стои Алијансата на производители на автомобили, која во САД лобира во користи на најголемите авто-компании, а меѓу останатите и за „General Motors“, „Toyotа“ и „Volkswagen“.

Рокот до кој сообраќајните експерти би требало да ги соберат сите потребни податоци и да ја претстават заедничката платформа е мај 2014-та. Научниците потоа би требало да извршат анализа и да го комплетираат својот извештај до крајот на 2014-та година, за кога е предвидена финализацијата на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП