25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.12.2013

Дневен хороскоп 19.12.2013

horoskopskopskop1

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ова би можел да биде возбудлив ден и вие сте подготвени да се впуштите во одбрана на своите идеи дури и ако некој ве критикува. Верувате дека можете да се адаптирате на некои нови услови на работа кои во моментов ви изгледаат сосема солидни. Не навлегувајте во расправии кои не ви одговараат на годините ниту на интелектот. Можно е да добиете некоја вест за некои пари кои веќе подолго време ги очекувате.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Очекувате повик од некој кој живее во странство и веројатно ќе ви се јави, можно е да станува збор за некој Рак, Стрелец или Риба. Имате впечаток дека некој има нешто против вас и дека е подготвен да ви направи некоја сплетка на работа. Некој друг Бик, Рак или Јарец се обидуваат да ви дадат корисен совет но тоа до вас не допира. Имате на кого да се потпрете, особено ако сте подготвени да разговарате за некоја нова работа со некоја Шкорпија. Можна е вест за добивка.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се наоѓате во конфузна ситуација, не знаете како да дејствувате ниту на деловен план ниту во приватниот живот. Побарајте совет од некој Бик, тој ќе ве насочи на правиот пат. Вашите финансии се далеку од вашите очекувања, обидете се да заштедите некој денар, ви претстои тежок финансиски период. Скротете ја втората личност во вас, која ве принудува да правите работи кои не ви одат во прилог. Внимавајте на работата која во моментов ви е единствен извор на приходи, има можност и таа да ја изгубите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Деловниот план или другите статуси можат да ви бидат исклучително напорни за остварување или одржување, со многу расправии кои произлегуваат од импулсивни реакции, а попладнето кога ќе се приберете дома, завршница на она што сте го започнале утрината со прилично силни емотивни изблици. Подобрете го својот однос со соработниците и колегите, не сте на правиот пат.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не плашете се да давате ветувања. Вие не би оставиле никого на цедило, па ќе дадете сe од себе за да ги претворите вашите зборови во дела. Вашите колеги ќе бидат благодарни за вашата поддршка. Внимавајте колку трошите. Ќе бидете склони да вадите пари од вашиот паричник без да размислувате што ќе ви остане за утре.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Бидете внимателни во комуникацијата и не влегувајте во расправии со конфликтни лица. Ќе се однесувате неконтролирано во трошењето пари, а тоа ќе резултира со долгови што ќе ги исплаќате многу подолго од моменталното задоволство. Ова е неповолен месец за земање кредит, не се одлучувајте за нешто такво, воспоставете контрола над трошењето.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако имате некои неостварени деловни цели, почнете веднаш со нивна реализација, само внимавајте да не преземете премногу обврски. Она на што може сериозно да сметате е несебичната поддршка од пријателите. Исто така и соработниците и колегите се тука за вас, искоритете ја нивната несебична помош и побрзо ќе успеете да ги остварите зацртаните цели.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку добиете привлечна понуда за промена на работното место, не се залетувајте и не ги идеализирајте потенцијалните соработници. Тоа е мамка, со чија помош можете да ја загубите и сегашната работа. Иако имате премногу работа, се обидувате да најдете задоволство. Искористете го правилно слободното време и не се опуштајте со трошењето иако настапуваат празниците.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Месечината ќе ве потсети дека не е разумно да трошите импулсивно. Денес таа ќе ве мотивира да го зачувате паричникот затворен и да заштедите наместо да купувате нешта кои не ви се неопходни. Вашите планови во врска со работата течат непрекинато, вложете малку поголем труд, тоа ќе ви донесе поголеми приходи.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вие сте силни и борбени личности, но денес Месечината ќе ја истакне вашата нежна страна. На професионален план не се трудете да бидете премногу строги и ладни, поврзете се со колегите и соработниците преку споделување на лични искуства и преку хумор. Најдобро ќе се чувствувате во домашна атмосфера, а не е исклучено да бидете дел од семејна прослава.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Позицијата на Месечината во Рак кај вас поттикнува потреба за некои нови работи во доменoт на приватниот бизнис или можен разговор со членовите од фамилијата за некои заеднички планови кои би можеле да ви донесат некои нови шанси кога станува збор за вашата кариера. Ќе добиете прилика да се смирите со некој кој во последно време ве игнорирал. Не би требало да влегувате во било каква расправија со некои Близнаци или Шкорпија.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Креативноста ќе ви помогне полесно да се справите со работните задачи и обврски, ќе ви помогне да пронајдете активности кои ќе ве исполнуваат и ќе направи да сте поинтересна личност во очите на другите. Поставеноста на планетите денес ќе ви даде инспирација да бидете оригинални. Немојте да криете дека сте поразлични од другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП