24 јуни, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle претстави дрвен телефон!

Google претстави дрвен телефон!

moto x bambys

Последната верзија на телефонот на „Google“ – „Moto X“ е направен од бамбус. „Moto X“ е првата линија на смартфони на технолошкиот гигант, формирана откако тој ја купи „Motorola“ во 2012-та година.

При онлајн нарачка клиентот може сам да го „состави“ саканиот мобилен телефон со прилагодени бои на предниот дел, задниот панел и страните. Првите телефони од серијата излегоа во текот на летото, но дрвената верзија досега беше чувана во тајност.

За 100 долари над стандардната цена смартфонот веќе може да е дрвен. Стандардната верзија на овие телефони во САД чини околу 200 долари со договор.

Бамбусот е вистински и е во светла боја. Нарачките се уште се ограничени, а корисниците кои ќе одлучат нивниот модел на „Moto X“ да биде од бамбус ќе мораат да почекаат до јануари кога ќе започне испораката на овој уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар