20 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајевтиниот таблет на светот!

Најевтиниот таблет на светот!

najevtin tablet

Таблетот „Ubislate 7Ci“ на компанијата „DataWind“ започна како проект на индиската Влада во 2010-та година. Тие поставија барање за многу евтин таблет уред кој би се поделил на академската заедница, особено на студентите.

„DataWind“ за нив го изработи таблетот „Aakash“ со цена од само 45 долари. Овој уред долго време неможеше да се купи надвор од Индија, но сега се најде во продажба во САД во облик на малку изменета верзија на стариот уред наречен „Ubislate 7Ci“. Новиот „Ubislate 7Ci“ ќе се продава на интернет страната на „DataWind“ по цена од 38 долари.

Што се однесува до спецификациите, уредот има 7-инчен екран со резолуција од 800 x 480 пиксели, процесор со едно јадро кој работи на такт од 1 GHz, 512 GB работна меморија, 4 GB интерна меморија за складирање на податоци која може да се прошири со употребата на „microSD“ картички.

Тука исто така е и предната 0,3-мегапикселна камера, а овој уред работи на оперативниот систем „Android 4.0.3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП