29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDuster ќе добие „pick-up“ верзија?

Duster ќе добие „pick-up“ верзија?

pick up duster

Романскиот производител на автомобили тестира прототип на „ pick-up“ верзија на моделот „Duster“, која најверојатно ќе влезе во сериско производство.

„Dacia“ претходно најави дека новата генерација на моделот „Logan“ нема да има своја „pick-up“  верзија.

Во меѓувреме се појавија информации дека наместо тој автомобил на купувачите можно е да им биде понудена „pick-up“ верзија на моделот „Duster“.

Прототипот кој ви го претставуваме на фотографиите е заснован на верзијата на „Duster“ пред редизајнот, а го изработи локалната компанија „Romturingi“ која е специјализирана за модификации на моделите од брендот „Dacia“ во автомобили за посебни намени, како што се амбулантни возила и слично.

„Duster“ во „pick-up“ верзија е замислен како возило за широка намена со голем отворен теретен простор и со теренски способности, вклучувајќи и погон 4×4.

За да има поголем простор наменет за товарање на работи, автомобилот има само преден ред на седишта. Товарниот простор е долг 1,7 метри и може да носи товар со тежина до 400 килограми.

Повеќе технички детали засега не се познати, како и информацијата дали оваа верзија на „Duster“ ќе влезе во сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП