7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфонот на Amazon е најавен за следната година?

Смартфонот на Amazon е најавен за следната година?

amazon fulll

Тајванскиот производител на електронска опрема „Primax Electronics“, најверојатно добил нарачка од „Amazon“ за поголем број на „CCM“ модули за камери кои се вградуваат во мобилните телефони.

Ова предизвика лавина на шпекулации за тоа дали „Amazon“ сепак ќе си ја проба среќата на пазарот за паметни телефони, како што претходно се шпекулираше. Според новите информации, крајниот рок за испорака на споменатите модули е почетокот на следната година, а аналитичарите сметаат дека „Amazon“ ќе го претстави својот паметен телефон некаде во првата половина на 2014-та година.

Меѓу другите гласини, се вели дека телефонот ќе доаѓа со технологијата „floating touch“, што би значело дека екранот ќе реагира на движење, без да биде допрен.

Исто така, постојат и различни шпекулации за тоа кој ќе го произведува тој паметен телефон, а најгласни се оние дека тоа би требало да биде „HTC“ кој се наоѓа во тешки финансиски проблеми, па со оваа соработка би можеле да ја ублажат ситуацијата во која се наоѓаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП