18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПолјак направил реплика на McLaren F1 за 20.000 евра

Полјак направил реплика на McLaren F1 за 20.000 евра

replika mek

Самоукиот автомеханичар од Полска, Јачек Мазур (48), поминал осум години работејќи на репликата на „McLaren F1“. Иако цената на оргиналниот модел на аукциите достигнува и до неколку милиони евра, тој за својата реплика потрошил нешто повеќе од 20.000 евра.

Мазур својот „McLaren“ го направил со помош на повеќе од 30 пријатели и членови на семејството и со целосна поддршка од сопругата. Покрај останатото, тој користи мотор од „Audi“ и сопирачки од „Mercedes“, a на интернет поминал многу часови проучувајќи ги фотографиите од моделот за да може да изработи верна копија на каросеријата.

Тој својот ултимативен предизвик го завршил користејќи се со делови од отпад, но и резервни делови, па така за изработка на копијата потрошил 23.000 евра.

Погледнете како изгледа репликата на „McLaren“ која ја направи овој вешт Полјак:

„McLaren F1“ не е првиот скапоцен модел на автомобил чија копија излегла од гаражата на Јачек. Неговите претходни проекти меѓу останатите биле и „Lamborghini Countach“ и „Porsche 911“, но изработката на репликата на познатиот британски автомобил му била најголема желба.

„Кога прв пат го видов „McLaren F1“, знаев дека морам да го имам. Неможев да си го дозволам, па одлучив сам да го направам“, вели Мазур.

„Сега кога го возам, луѓето ме застануваат и го фотографираат. Тоа е исто како да сте на состанок со Анџелина Џоли или Сандра Булок во центарот на Њујорк“, објаснува тој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП