17 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗИднината пристигна - ласерски фарови во автомобилите! (видео)

Иднината пристигна – ласерски фарови во автомобилите! (видео)

svetla bmw

„BMW“ во 2011-та претстави прототип на ласерски фарови, а две години подоцна новата технологија за прв пат пристигнува во еден продукциски модел на овој производител.

Ласерските фарови повеќе не се само храбра визионерска идеа. „BMW“ веќе им ги нуди на купувачите како дополнителна опрема на спортскиот хибриден модел „i8“, кој имаше премиера на авто-саемот во Франкфурт.

Во баварскиот гигант велат дека ласерската технологија засега ќе се користи само за долги светла. Благодарејќи на овие фарови, долгите светла осветлуваат на два пати поголемо растојание (и до 600 m) во однос на оние со LED технологија.

Погледнете го видеото во кое од „BMW“ ја објаснуваат предноста на ласерската технологија во фаровите.

Покрај тоа што помалку трошат енергија, ласерските фарови и помалку ги заслепуваат возачите на автомобили кои доаѓаат од спротивната насока, причината за тоа е што нивниот светлосен зрак е повеќе фокусиран, односно е со помала распрсканост, отколку конвенционалните светла.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП