20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.12.2013

Дневен хороскоп 18.12.2013

zodiac111

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Позицијата на Месечината во Рак кај вас поттикнува потреба за некои нови работи во доменoт на приватниот бизнис или можен разговор со членовите од фамилијата за некои заеднички планови кои би можеле да ви донесат некои нови шанси кога станува збор за вашата кариера. Ќе добиете прилика да се смирите со некој кој во последно време ве игнорирал. Не би требало да влегувате во било каква расправија со некои Близнаци или Шкорпија.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Поволен ден за соработка со некој друг Бик или Рак. Некој Стрелец се обидува да ве убеди дека сте во право и дека треба да направите многу работи на начинот на кој размислувате. Се обидувате да бидете праведни, но всушност сте прилично сентиментални со оние кои нешто очекуваат од вас. Несакате никого да изневерите и ќе имате прилика да се договорите со некој Рак или Стрелец околу работата којa би можела да ви биде од голема корист.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето. Насочете се кон работата и исполнете си ги обврските, внимавајте некој Бик ќе посака да се расправа со вас, игнорирајте го.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение. Стрпете се, во наредната година ќе дојдат подобри денови. Некога Вага ќе ви понуди помош, прифатете ја.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Разговарајте со вашите соработници, овие неколку дена се најповолниот период за да си ги наместите работите онака како што вам ви одговара.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе бидете објективни и разумни, па секоја донесена одлука ќе испадне дека е правилна. Голем дел од енергијата ќе ја посветите на организирање на вашиот професионален и личен живот. Внимавајте на односот со колегите, не го нарушувајте пријателството, некои ваши постапки може да бидат погрешно сфатени.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Финансиската ситуација благо ви се подобрува. Ќе имате исклучителна можност да решите некои од вашите насобрани проблеми. Внатрешните конфликти се под контрола. Знаете да владеете со нив. Обидете се да вложите поголеми напори на работа, тоа ќе ви донесе дополнителни приходи.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Бидете реални во процената на моменталната состојба во која се наоѓате. Не сте во ситуација кога најдобро функционирате, а и не носите исправни одлуки. Потрудете се да ја совладате општата внатрешна збрка, иако ќе ви биде тешко. Во лоша состојба сте, но не барајте вина во другите.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Послушајте ја интуицијата која е особено изразена. Таа ќе ви каже што да направите и како да се однесувате. Сакате некои работи да ги испланирате однапред. Се трудите да ги ублажите проблемите и тоа ви успева. Внимавајте, некоја Шкорпија ви работи зад грбот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Избегнувајте јавни излегувања и комуникацијата сведете ја минимум. Кога станува збор за работата, бидете реални. Не дозволувајте повторно да бидете затекнати со непријатно искуство. Кога ќе размислите подобро ќе пронајдете сила да излезете од оваа ситуација, не се оптеретувајте со финансиите, на ова поле ќе видите подобрување во наредната година.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Обидете се да работите повеќе, некако во последно време се обидувате да се извлечете од работата. Секојдневните бесмислени разговори ви стануваат здодевни. Затоа, кога разговарате со пријателите, изберете посериозни теми. Денес обидете се да пронајдете инспирација во туѓите зборови и не се плашете да се спротивставите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП