3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM вложува една милијарда во фабриките во САД

GM вложува една милијарда во фабриките во САД

General Motors

Американската автомобилска компанија Џенерал Моторс (General Motors, GM) има во план во пет свои фабрики во три американски земји да вложи повеќе од милијарда долари.

Целта на вложувањата е да се подобри квалитетот на производството на пикапи и започнување на производство на нови менувачи и мотори.

Компанијата наведе дека целата инвестиција би требало да достигне 1.3 милијарди долари. Најголемиот дел, околку 600 милиони долари би требало да добие фабриката за монтирање Флинт во Мичиген.

Дел од средствата ќе бидат наменети за фабриката за мотори во Ромулус недалеку од Детроит за производството на новиот деветстепен автоматски менувач и новиот V-6 мотор, a дел во фабриката во Толедо (Охајо) за зголемување на производството на шестстепените менувачи. Поголемиот дел од инвестицијата е за модернизирање на производството, а би требало да се реализира во наредните две години.

Се уште не е познато колку работни места ќе бидат отворени благодарејќи на овие инвестиции. „GM“ само објави дека би требало да се отворат или задржат 1000 работни места.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП