АВТОБИЗ

Познати се седумте финалисти за Car of the Year 2014

koli nominacija

Листата на кандидати за титулата Автомобил на годината во 2014-та (Car of the Year 2014), која секоја година традиционално се доделува на женевскиот авто-саем, е намалена од 30 на 7 модели.

Во потесниот круг влегоа:

„BMW i3“

„Citroen C4 Picasso“

„Mazda3“

„Mercedes S сlasѕ“

„Peugeot 308“

„Škoda Octavia“

„Tesla Model S“.

За кој од понудените модели би гласале?

Интересно е тоа дека оваа година меѓу седумте финалисти се наоѓаат два автомобили на електричен погон, како и два модели на групацијата „Peugeot-Citroen“.

Право да конкурираат за најдобар автомобил на европскиот пазар имаа сите модели кои се претставени во периодот од септември 2012-та до септември 2013-та година.

Дополнителен услов беше моделот во моментот на номинација, во септември 2013-та, веќе да се најде во продажба или да почне да се продава до крајот на годината во најмалку пет европски земји, како и неговата минимална предвидена годишна изработка да изнесува 5.000 единици.

Одлуката за победникот ќе биде донесена на 3-ти март 2014-та година, а за финалистите ќе гласа меѓународно жири составено од 58 специјализирани автомобилски новинари од 22 европски земји. Потсетуваме дека на претходниот избор триумфираше „Volkswagen Golf“.