21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗаштитете се од измама: Како да купите мобилен телефон

Заштитете се од измама: Како да купите мобилен телефон

telefon kod

Поради економската ситуација во земјата, поголемиот број на луѓе се одлучуваат за купување на декодирани уреди поради нивната ниска цена, сметајќи дека се доволно добри, исто како и оргиналните. За жал, купувањето на непроверени уреди носи поголем ризик, отколку што сме свесни за тоа.

На нашиот пазар може да се најдат многу декодирани мобилни телефони, а во некои случаи и различни копии.

Декодирањето или отклучувањето на мобилните телефони е прилагодување на уредот да работи на сите мрежи, односно да ги прифати картичките на сите оператори. Овој процес може трајно да го оштети телефонот до степен до кој потоа не постои можност да се поправи.

Декодираните телефони кои доаѓаат главно од странските држави, се увезуваат без царина и било каква контрола. Телефоните честопати се неисправни, имаат различни софтверски проблеми и батеријата им е со лош квалитет.

Покрај тоа што купувањето на овие уреди е нелегално, проблемот на квалитетот доведува до тоа при купувањето најчесто да бидете измамени.

Првата и основа работа при купување на уредот е прашањето за гаранцијата. Доколку при купувањето на нелегалниот телефон не добиете фискална сметка, неможете да добиете ниту гаранција.

Очигледно ќе добиете парче хартија наречено „гаранција“ кое продавачот може, а и немора да го почитува без фискална сметка, па така не постои никаков доказ дека телефонот сте го купиле во таа продавница. Исто така купувањето неможете да го извршите по пат на сметка (картичка), па доколку нешто му се случи на телефонот, штетата ќе биде на ваша одговорност.

Се поставува прашањето, зошто им е овозможено функционирање на ваквите продавници, но тоа е во доменот на законските регулативи и спроведувањето на прописите. Единствен начин да се заштитиме е да купуваме проверено во овластени продавници во кои добиваме сигурна гаранција на две години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП