1 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд најавува инвазија на нови модели во 2014-та

Форд најавува инвазија на нови модели во 2014-та

ford mord

Автоиндустријата во Америка, и покрај банкротот на градот Детроит како свој центар, сепак храбро се движи – Форд најави дека во 2014-та година ќе вработи 5000 луѓе и ќе претстави дури 16 нови модели на автомобили, меѓу кои и новиот Мустанг за 2015-та и „F“- серијата на камионети, како и новата генерација на товарното возило Транзит.

„USA Today“ истакнува, пренесувајќи го шефот на Управата на Форд за Америка Џо Хинрих, дека продолжува „производствениот напад“ за кој во последните две години веќе ангажира нови 14.000 работници. Станува збор за сите профили – од оние на производната лента, па до информатичари и дизајнери.

„Следната година ќе биде најголема во целата 111-годишна историја на Форд во однос на лансирањето на нови производи, но ние и натаму вложуваме во производи“, вели Хинрих, истакнувајќи дека во Северна Америка ќе бидат воведени 16 нови модели, а во цел свет 23. Овие резултати се охрабрувачки за автоиндустријата која од 2007-ма ги доживува своите најдобри продажни резултати, благодарејќи пред се на олеснетото кредитирање и зголемената доверба на купувачите.

Покрај во САД, Форд расте и во светот, па се очекува компанијата да отвори три нови фабрики, една во Јужна Америка, а останатите во Пацифичка Азија. Се очекува да бидат вработени околу 6000 луѓе.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП