
Дизајнерите од Штутгарт за новата генерација на својот најпродаван модел велат дека „смело се разликува во однос на претходникот“ со стил кој „возбудува емоции“.


Дизајнерите од Штутгарт за новата генерација на својот најпродаван модел велат дека „смело се разликува во однос на претходникот“ со стил кој „возбудува емоции“.
Новата „C сlasѕ“ е долга 4,686mm, меѓуосовинското растојание е подолго за 80mm, a ширината за 40mm е поголема во однос на претходниот модел.

Во понудата ќе се најдат две варијанти на предниот дел: со ѕвезда на хаубата и спортска варијанта со поголем амблем во рамките на предната решетка.

Поради поголемата употреба на алуминиум (скоро 50 проценти во однос на 10-те проценти на актуелниот модел), новата „C сlasѕ“ е за 100kg полесна и поради тоа потрошувачката е намалена за 20 проценти.

За почеток во понудата ќе се најдат три мотори: „C180“ и „C200“ со 1.6 односно 1.9-литарски четирицилиндарски бензински мотор со официјлна потрошувачка од 4.1, односно 4.41 L/100km.

Единствената дизел варијанта ќе биде „C220 CDI“ со 2.1-литарски турбодизел мотор со потрошувачка од 3.3L/100km и емисија на CO2 oд 103g/km.

Подоцна можеме да очекуваме и нови агрегати, како 1.6-литарски и 2.1-литарски дизел, а се очекува и „C 300 Bluetec“ хибрид кој ќе комбинира четирицилиндарски дизел со електричен мотор со потрошувачка од 3.2L/100km.

Што се однесува до напредните безбедносни системи во овој модел се вградени, „BAS Plus“ асистенцијата при сопирање, „Active Lane Keeping“ против напуштање на лентата, „Traffic Sign Assist“ и „Wrong-Way Alert“ предупредување за движење во спротивен правец.

Ентериерот на новата „C-сlasѕ“ е сличен на оној кој се наоѓа во најновите „A-сlasѕ“ и „CLA“, a новиот контролен систем на допир ќе биде премиерно претставен.
Новата „C-сlasѕ“ ќе може да се нарача веќе од јануари следната година, а испораката ќе започне налето.