24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСнимајте се себеси со камерата Quebee! (видео)

Снимајте се себеси со камерата Quebee! (видео)

quebee

Со камерите на смартфоните или рачните камери е многу тешко да се снимите самите себеси, но тој проблем нема да го имате доколку ја користите камерата „Quebee“.

„Quebee“ е бежична камера која снима „HD“ видео. Отпорна е на вода, а е сместена во мало коцкасто куќиште. Овој уред се активира со допир на копчето кое се наоѓа на горниот дел од куќиштето.

Со камерата доаѓа и апликација која е наменета за уредите кои ги користат оперативните системи „Android“ и „iOS“. Апликацијата овозможува преглед на снимениот материјал, како и негово прикачување на „cloud“ сервисите, „Dropbox“ или „Google Drive“. Овозможено е и означување (tag), како и уредување на снимките.

Камерата е претставена на „Kickstarter“ и нејзините креатори имаат за цел да соберат 100.000 долари, кампањата се завршува за седум дена, а досега е собрана половина од споменатата сума.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП