28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple iWatch пристигнува во октомври 2014-та

Apple iWatch пристигнува во октомври 2014-та

iwatch kocenpt

Кинески „IT“ аналитичари од „C Technology“ тврдат дека долгоочекуваниот „паметен часовник“ на компанијата „Apple“ – „iWatch“ во продажба ќе се најде во октомври 2014-та година и тоа паралелно со „iPhone 6“.

„Доверливите извори“, кои ги пренесе „Дејли Мирор“, тврдат дека компанијата од Купертино моментално тестира два прототипа и дека „iWatch“ ќе поддржува бежично полнење на оддалеченост од еден метар. Во претходните шпекулации беше најавено дека „iWatch“ ќе има флексибилен „OLED“ екран. Засега нема информации за големината на „iWatch“.

„Samsung“ својот „Galaxy Gear“ го претстави во септември, а „Apple“ најверојатно ја одложи промоцијата на својот адут додека не пронајде „елегантно и едноставно решение за продолжување на траењето на батеријата на 4-5 дена“.

За „iPhone 6“ се шпекулира дека ќе се појави во септември или октомври 2014-та година и би можел да има закривен екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП