2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот го доби Арсенал, а Барса ќе игра против Сити

Шампионот го доби Арсенал, а Барса ќе игра против Сити

zdrepka ls

Одредени се паровите за осминафиналето од Лигата на шампионите, бранителот на титулата Баерн Минхен патот кон новата титула ќе го започне од Лондон против Арсенал.

Едно од дерби пресметките во оваа фаза ќе биде и двомечот меѓу Манчестер Сити и Барселона, додека на Жозе Мурињо му се исполни желбата неговиот Челзи да игра против Галатасарај.

Борусија Дортмунд ќе ги одмери силите со Зенит, Манчестер Јунајтед го доби Олимпијакос, а интересно ќе биде и во пресметката меѓу Милан и Атлетико Мадрид, додека Реал Мадрид ќе игра против Шалке. ПСЖ ќе му се спротивстави на Баер Леверкузен.

Првите средби од осминафиналето од ова елитно натпреварување ќе се играат на 18/19-ти, т.е. 25/26-ти февруари, a ревашните се на 11/12-ти т.e. 18/19-ти март.

Осминафинални двојки:

Манчестер Сити – Барселона

Олимпијакос – Манчестер Јунајтед

Милан – Атлетико Мадрид

Баерн Леверкузен – ПСЖ

Галатасарај – Челзи

Шалке 04 – Реал Мадрид

Зенит – Борусија Дортмунд

Арсенал – Баерн Минхен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП