3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.12.2013

Дневен хороскоп 16.12.2013

horoskop1

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можно е да бидете изненадени од деловната понуда која ќе ја добиете од некој Рак или Бик. Ако се работи за сорaботка со странци бидете претпазливи, или со некои личности од медиумите или трговијата, особено ако странува збор за работа во прекуокеанските земји. Не се оптеретувајте премногу со тоа што светот збори за вас и вашите финансии.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не се воодушевувајте претерано од новата понуда, освен ако се работи за претходно договорена работа, Вашите претпоставени сакаат да ја прошират соработката со вас. Добивате прилика да ги покажете своите таленти и да започнете нова работа која многу ќе ви се исплати. Многу сте заинтересирани за некоја нова работа која за вас и вашите соработници е многу интересна. Тешко е да ве убедат да напрвите нешто што не сакате.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидете претпазливи во вложувањето пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се. Разговорот со вашите соработници ќе ве врати назад на патеките на успехот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува добивка и можност за успешно креирање или практично приспособување на работните планови. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности. Важно е да бидете правилно информирани за новите случувања на работната сцена и да нудите практични решенија од заеднички интерес. Внимавајте некоја Вага сака да ги сруши вашите планови.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес нема да бидете задоволни од ништо. Што и да правите, ќе сметате дека не е доволно добро или пак ќе ви доаѓаат мисли дека вие никогаш не го добивате она што го заслужувате. Не бидете незадоволни перфекционисти. Најголем дел од луѓето никогаш нема да го имаат она што го имате вие и никогаш нема да ги поседуваат вашите способности. Научете се да бидете задоволни од животот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе чувствувате страв од она што ве очекува. Во вашиот живот настапуваат промени и вас ве плаши крајниот резултат. Да чувствувате страв е сосема нормално, па не си дозволувајте тоа да ви создава негативни мисли. Барем денес оставете ги сериозните теми настрана и опуштете се. Штедете ги вашите пари, ќе дојде период кога ќе ви бидат повеќе од потребни.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Денешниов ден е еден од поважните во годинава поради аспектот помеѓу Јупитер и Сатурн кој доаѓа во егзактна фаза, а кој претпоставува сериозни успеси во следните десетина дена или до крајот на годинава, што ќе признаете и не е така лошо. Значи, ако очекувате некакви сериозни одговори од сериозни луѓе за сериозни нешта што ви значат најпрво на деловен план, но и општо не се возбудувајте, одговорите ќе бидат онакви какви што ги посакувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе гледате оптимистички на иднината, дури и ако не можете да се справите со сегашните проблеми. Вашата зголемена самодоверба ќе биде поддржана од соработниците и пријателите. При крајот на денот очекувајте забавен разговор кој ќе го подобри вашето расположение. Работете малку повеќе од она што го работите во моментов, во иднина ви се потребни докази дека го заслужувате посакуваното покачување на платата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Нормално дека вниманието во овој период најмногу ви е насочено кон јавноста, јавните случувања, односите со деловниот партнер и сл. Имате можност и за некакви дневни успеси, пофалби, јавни промоции и сатисфакција, реализација на некакви настојувања и поволности поради тоа, што значајно ќе се зголеми вашата самодоверба. Внимавајте на финансиите, тие може да ви направат проблем.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Иако водени од амбицијата, понекогаш знаете да бидете нереални кога станува збор за проценување на вашите можности. Многу подобро ќе биде доколку научите да ги балансирате нештата и тогаш кога изгледаат неостварливи. Емотивната состојба во наредните денови би требало да ви го поправи расположението и да ви донесе поголем успех во работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП