26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФејсбук: Чекор напред, два назад!

Фејсбук: Чекор напред, два назад!

fb dolari

Пред неколку недели, менаџери на фан страници на социјалната мрежа „Фејсбук“ забележале значително намалување на видливоста на објавите во рамките на нив.

Првите промени на видливоста и првото значително намалување на нивото на видливост може да се забележи на промоцијата на формати на реклами – „Спонзор пост“, во средината на минатата година, кога нивото на видливост беше намалено на 30-50%. Сепак, „Фејсбук“, според сите меѓународни експерти, отиде „чекор напред, но и два наназад“ и го намали ова ниво на видливост на околу 10% од бројот на посетители на одредени фан сајтови, а причината за тоа е да се зголеми бројот на платени статии и приходите од реклами.

Маркетингот на социјалните мрежи е една од најчестите форми на Интернет маркетинг во изминатите три години, но постојано се поставува прашањето, дали ова е ефективна форма на рекламирање, како што е закупувањето на клучни зборови на пребарувачите („Google AdWords“ реклами), а особено кога станува збор за Спонзорски постови.

Социјалната мрежа „Фејсбук“ повторно го промени алгоритамот со цел на своите клиенти да им покажува повеќе релевантни и квалитетни содржини. Сепак, овој пат промената би можела да биде трајна, бидејќи „Фејсбук“ очекува за да се достигне повисок досег – повеќе ќе треба да се плати. И тоа веќе не го крие.

Како што пишува „Ad Age“ во една статија во кој подигна значителна прашина меѓу маркетинг менаџерите, изјава која може да се најде во продажните материјали на „Фејсбук“ гласи:

„Очекуваме органската дистрибуција на постови на „Фејсбук“ страниците постепено да се намалува со текот на времето, бидејќи ние постојано работиме на тоа корисниците да имаат значително искуство на страниците“.

Ова е значителна промена во ставот од пред една година – кога за прв пат опсегот на постови значително се намали и кога брендовите и агенции го критикуваа „Фејсбук“ за тоа. Тогаш оваа социјална мрежа, исто така, работеше на промени во алгоритамот, со цел да ги искорени спам и други слични содржини, но со тоа значително го намали обемот на страниците кои досега воопшто не се рекламирале. Резултатот беше поголемо вложување во маркетинг рекламите за да се надомести изгубеното, а „Фејсбук“ се бранеше, негирајќи дека тоа било целта на промените.

И претставникот на „Фејсбук“ за медиумите потврди дека органскиот опсегот на постови кои доаѓаат од „Фејсбук“ страниците се во „бавен“ пад:

„Ние доаѓаме до фактот дека повеќе луѓе делат повеќе работи, а ако сакате вашата содржина да биде забележана, најдобриот начин е тоа да се плати“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП