28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДа, работев за вистинскиот "Волк од Вол Стрит"

Да, работев за вистинскиот “Волк од Вол Стрит”

wolf

Поранешен брокер раскажа за “Њујорк Пост” какво е чуството да се работи за вистинскиот “Волк од Вол Стрит” во неговата позната “жешка соба” на Лонг Ајленд во текот на 90-тите години.

Приказната на 41-годишниот Џош Шапиро опишува колку брзо го понела атмосферата на Стратон Окмонт, компанијата за која се зборува во филмот “The Wolf of Wall Street” , на Мартин Скорсезе, и сите привилегии кои ги имал како врвен измамник.

Шапиро по завршувањето на средното училиште се приклучил на американските маринци, но се вратил во Лонг Ајленд во 1993 година. Неговиот татко, кој бил доктор, му предложил да работи за Дени Поруш, кој бил трговец со акции кој го игра Џон Хил во овој филм. Дени бил еден од деловните партнери на неговиот татко.

Апатијата на обичниот 22 годишното момче во потрага по пари и работа исчезнала кога се појавил пред канцеларијата на Дени Поруш и ја видел исклучителната линија на Ролс Ројс, Бентли, Lamborghini, Ферари и Порше.

Влезе во фирма во која 300 или повеќе луѓе буквално врескале зборувајќи по телефон, а Шапиро се сеќава што му рекол Дени Поруш кога првпат влегол во неговата канцеларија:

– Седни Џош. Дали сакаш да заработуваш еден милион долари годишно? Дали сакаш да заработуваш 100.000 долари месечно? Еве како да го направиш тоа.

Енергијата и бучавата во фирмата била неподнослива, буквално како во ноќен клуб, во кој гласната музика ја заменувала бучавата и викањето на телефон.

Еден ден бил доволно – Шапиро влегол во игра.

Шапиро опишува неверојатни утрински средби на кои Дени Поруш одел до крајност, со цел да ги мотивира трговците и “stock pusher-ите”. Ги вреѓал луѓето, кинел банкноти од 100 долари, кршел компјутери, а понекогаш се качувал на маса и им викал на вработените.

Во рок од неколку дена, Шапиро носел Армани костум, останувал до доцна на работа, и носел работа дома. Ги контактирал неговите клиенти во текот на денот и ги користел советите на Дени за тоа како да разговара со клиентите и да ги придобие.

Поруш му дал понуда на Шапиро – да му купи автомобил, доколку отвори 30 налози за клиенти во текот на еден месец. Младиот Шапиро работел напорно, но имал мал ефект. Сепак, тој му дал да си избере еден автомобил, и Шапиро одбрал црвен Порше 911, а во тоа време немал ниту возачка дозвола.

Кога станува збор за Џордан Белфорт, кој во филмот го игра Леонардо ди Каприо, Шапиро го опишува како “човекот во сенка, но како Бог, чии биле речиси сите идеи. ”

– Не беше импресивна појава во однос на висината и тежината, но знаете дека се што работите, автомобилот кој го возите, жената со која спиете, дрогата која ја земате, забавата која ја имате – е затоа што тој ви ја овозможил – вели Шапиро.

За посилна моќ и ароганција, сите во компанијата земале апчиња за енергија, некој вид на дрога, дури до три или четири пати на ден. Шапиро тврди дека оваа дрога го правела “супер агресивен” на телефон, не се плашел од ништо, особено од тоа да биде поразен.

Ако клиентот најде во вас било каков вид на слабост, договорот ќе пропадне.

Исто така , шефовите ги наградувале работниците со плаќање на скапи проститутки , т.н.. “Đininih девојки”, чија цена била 500 долари за еден час.

– Кога ќе добиете “награда” со Đininih девојк, знаете дека сте направиле нешто посебно за компанијата, а исто така биле наградувани со одење на коцкање во Атлантик Сити, редок вид на таблети дрога и летање со приватен авион.

Шапиро признава дека се заљубил во проститутка, и дека се забавувал со неа повеќе од една година.

Сепак, покрај девојките, автомобилите и дрогата, Шапиро набрзо сфатил дека луѓето што тој ги нарекува негови пријатели, всушност биле најголемите битанги на земјата.

– Би ја продале и сопствената мајка доколку е потребно – вели Шапиро.

Шапиро ја напуштил Стратон Оакмонт само неколку месеци пред упадот на ФБИ. Сега е асистент во канцеларија, но сепак бил фатен за кривични дела што тој ги извршил, но никогаш не е осуден за нив.

Поранешниот брокер признава дека се сеќава на двајца, кои практично загубиле сè што имале поради неговите лаги, а денес неговата цел е да им помогне на луѓето.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП