2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung ги соединува мобилните и фотоапаратите

Samsung ги соединува мобилните и фотоапаратите

sammsu

На „Samsung“ не му се непознати мутациите меѓу фотоапаратите и смартфоните, па така оваа работа стана и официјална. Имено, тие имаат во план да ги соединат одделенијата за развој на фотоапарати и мобилни телефони.

Новиот оддел ќе биде наречен „Digital Imaging and Mobile Communications“, а една од целите е да се добијат понапредни камери на мобилните телефони.

Според корејските извори, „Samsung“ ќе го „трансплатира брендот, начинот на дистрибуција, софтверските компоненти и производството“ од одделот за мобилни телефони во одделението за фотоапарати.

Од друга страна, ќе интегрираат во техничка компетентност на двете одделенија за да се зголеми можноста за разликување на смартфоните од конкурентските.

Како што јавуваат од Јужна Кореа, првите конкретни резултати се очекуваат во текот на следната година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП