Поранешниот италијански велосипедист Роберто Гаџоли изјави дека во 1993-та година, американскиот велосипедист Ленс Армстронг ги подмитувал со пари спортистите од другите тимови, со цел да стане победник во серијата „Triple Crown“ која е со награден фонд од 1 милион долари.
Во 1993-та година Армстронг беше член на тимот на Motorola, а Гаџоли – на „Koors Light“.
„Пред трката во Филаделфија Армстронг ми даде „Panettone“ (традиционална италијанскa божиќна торта) и ми посака Среќен Божиќ. Во кутијата имаше 100.000 долари, а Ленс рече дека тоа е договорено со мојот тим“, раскажува Гаџоли.
„Два круга пред крајот, јас заедно со Ленс , Боби (Џулич) и уште неколку италијански натпреварувачи бевме напред. Кога Ленс ми даде знак , јас го видов и го пропуштив да ме помине, а тоа го сторив како да не сум го забележал“, дополнува велосипедистот.