15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGTA: San Andreas отсега и на iOS (видео)

GTA: San Andreas отсега и на iOS (видео)

gta ios

Популарната игра „Grand Theft Auto: San Andreas“ отсега е достапна и за сопствениците на уреди кои го користат оперативниот систем „iOS“.

Играта на компанијата „Rockstar“ може да се купи преку „iOS App Store“ по цена од 6.99 долари. Од „Rockstar“ најавија дека наскоро ќе пристигне и верзијата на играта за уредите со оперативен систем „Android“.

Во играта „GTA: San Andreas“ отсега може да уживаат сопствениците на „iPhone“ – 4S, 5, 5S и 5C, „iPad 2“ и најновите уреди, како и на петтата генерација на „iPod Touch“.

Играта е опишана како „најдобра верзија на „San Andreas“ досега, а содржи динамични и детални сцени, збогатена палета на бои, детално изработени ликови, автомобили и околина“.

За оптимални перформанси, „Rockstar“ препорачува рестартирање на уредот по инсталирањето на играта, како и исклучување на останатите апликации за време на играњето.

„GTA: San Andreas“ на пазарот се појави во 2004-та година, а главен лик е Карл Џонсон кој се бори против корумпираните полицајци и гангстери во САД во текот на деведесетите години од XX-тиот век. Гласовите за останатите ликови ги позајмија Самеул Л. Џексон, Крис Пен, Ајс-Ти и Питер Фонда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП