Седумкратниот „F1“ шампион, Михаел Шумахер, ја тестираше новата генерација на моделот „Mercedes-Benz C-сlasѕ“ (W205). Германецот во техничкиот центар на „Mercedes“ во Зинделфинген ги испроба најновите безбедносни системи во овој нов автомобил.
Шумахер со своето големо возачко искуство и знаење, помага во развојот на моделите на „Mercedes“. Најновиот пример е неговото учество во возењето на новата генерација на моделот „Mercedes-Benz C-сlasѕ“.
Тој ги тестираше најновите системи за асистенција при возњето во чиј развој учествува подолго време. Тој тврди дека ниту еден возач неможе за време на возењето да биде 100 проценти концентриран, а доволен е само еден момент на невнимание и себеси да се доведете во опасна ситуација. Токму тогаш треба да реагираат системите за асистенција при возњето, кои делуваат многу побргу од самиот возач.
Новата „Mercedes-Benz C-сlasѕ“ ќе биде достапна со неколку такви безбедносни системи, кои користат камера и радарски сензори. Системот „Collistion Prevention Assist Plus“ го предупредува возачот акустички и визуелно за опасна систуација, а во случај доколку е потребно може и автоматски да го сопре автомобилот. „Distronic Plus“ го одржува безбедното растојание зад возилата, а функцијата „Steering Assist a Stop&Go Pilot“ го олеснува движењето во колона, така што одржува константно растојание зад возилата, активирајќи ги сопирачките доколку е потребно. Голем број од системите се прикажани и во новата генерација на моделот „Mercedes-Benz S-сlasѕ“.
„Pre-Safe Brake“ е одличен систем за градски услови, затоа што е способен во целост да спречи удар во пешак или објект при брзина до 50 km/h. Oвој систем Михаел Шумахер го тестираше со помош на кукла.
Новата „Mercedes-Benz C-сlasѕ“ официјално ќе биде претставена во понеделник на 16-ти декември, а пошироката јавност премиерно ќе може да ја види на авто-саемот во Детроит.
Во почетокот во понудата ќе бидат три мотори – бензинските 4-цилиндарски турбо мотори во C 180 (115 kW) и C 200 (135 kW), a „честа“ на дизелите ќе ја брани C 220 BlueTEC Diesel (125 kW).