26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGL Bijoux банкротираше

GL Bijoux банкротираше

bj

Фирмата „GL Bijoux“ од Ардеш, Франција, која има вработено 620 работници, оди под стечај поради големиот пад на продажбата и зголемените материјални трошоци.

Ова е уште една компанија која доспева на листата на социјално загрозени, по компаниите „Game“, „Virgin“ или „Goodyear“ пренесува францускиот „Express“.

Како главна причина за финансискиот колапс, компанијата во соопштението го наведе падот на продажбата во текот на последните неколку години, која во 2012 година достигна рекорд од 15 отсто, како и значаен пораст на оперативните трошоци.

Компанијата „GL Bijoux“ која произведува сребрен и позлатен накит, е основана во 1917 година и има вработено вкупно 1350 работници ширум светот, од кои значителен број се во Тајланд.

Меѓутоа и тој погон достигнал голем пад на продажбата и производството.

Во 2011 година компанијата остварила продажба во вредност од 73,9 милиони евра од лиценцирани марки како што се „Kenzo“, „Lacoste“, „Nina Ricci“ и сопствените брендови „GL“, „Altes“ и други.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП