5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБил Гејтс: Програмирање? Просто како грав!

Бил Гејтс: Програмирање? Просто како грав!

tikvar

Основачот на „Microsoft“ и еден од најбогатите луѓе на планетата, Бил Гејтс, објасни дека компјутерското програмирање и не е така комплицирано како што се мисли, а тоа тој го стори на невообичаено сликовит начин.

Во краткиот видео запис, Гејтс во еден момент споменува и зомби, а едноставниот начин на кој го објасни методот на кодирање во своите рани програмерски денови, некои може потполно да ги збуни. Најверојатно поради таквиот начин на креативно мислење, тој станал милијардер.

Во суштина, основачот на „Microsoft“ на неверојатно едноставен начин објаснува како програмирањето не е работа со која се занимаваат само генијалци, туку збир на логички размислувања и заклучоци.

„Програмирањето е збир на логични можни одговори на сите „ако“ прашања. На пример, ако надвор врне дожд, голема е веројатноста дека ќе облечете јакна, нели? Во суштина се се сведува на логика“, вели Гејтс.

Погледнете го инспиративниот „краток“ курс за програмирање на Гејтс.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП