6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Megane CC зa 2014-та година

Renault Megane CC зa 2014-та година

megane

„Renault“ по хечбекот, караванот и купето го редизајнираше и последниот преостанат модел од семејството „Megane“. Во однос на актуелната верзија, купе-кабриолетот за 2014-та има и редизајниран преден дел и нови содржини во внатрешноста.

Донесувањето на новиот корпоративен дизајн услови „Megene CC“ да добие нова маска на ладилникот со доминантен амблем на „Renault“ во центарот, т.е. преобликувани фарови, светла за магла, браник и хауба.

Остатокот од надворешниот дел од автомобилот остана непроменет.

megane1

Кога станува збор за ентериерот, новитет во „Reanult Megane CC“ зa 2014-та е големиот седум инчен екран за мултимедијалниот „R-Link“ систем. До содржините на овој систем може да се пристапи и преку џојстикот кој се наоѓа во долниот дел на централната конзола.

Автомобилот и натаму во понудата ќе има цврст подвижен покрив со големо панорамско стакло.

megane2

Измени и дополнувања на планот на моторите немаше, па така „Megane CC“ и натаму ќе се испорачува со постоечката палета на агрегати. Во зависност од пазарите, автомобилот ќе биде достапен со бензинци со моќ од 132, 140 и 180 ks, како и дизел мотори со 110, 130 и 160 ks.

„Renault Megane CC“ зa 2014-та ќе има премиера во јануари на авто-саемот во Брисел, а токму поради тоа, Белгија ќе биде првиот пазар на кој овој автомобил ќе се појави во продажба. Купувачите од останатите европски земји ќе мораат да почекаат до првата испорака до март 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП