6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG подготвува нов предводник со уште поголем екран

LG подготвува нов предводник со уште поголем екран

lg g2x

Компанијата „LG“ полека се подготвува за претставување на својот следен премиум телефон, кој најверојатно ќе го носи името „Gx“. Смартфонот, за кој веќе се појавија информаци од неколку независни извори, ќе работи на оперативниот систем „Android“, а негова главна карактеристика ќе е најголемиот 5,5 – инчен дисплеј кој го става речиси на границата со фаблетите.

„IPS“ екранот на моделот ќе работи во „Full HD“ резолуција, а тој очигледно ќе е малку поголем од оној што се користи кај „G2“ ( кој е 5,2 -инчен ) и ќе е наменет за корисниците кои имаат потреба од поголем екран, без имаат грижи за удобноста при носење на уредот.

Новиот предводник на „LG“ ќе работи најверојатно со „quad-core“ процесорот „Snapdragon 600“ или „Snapdragon 800“, се очекува да има 2GB RAM, 32 GB внатрешна меморија, како и 13 – мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3140 mAh.

Според информациите, најверојатно е новиот модел на компанијата да го видиме во рамките на најголемата телекомуникациска изложба „MWC 2014“, што ќе се одржи на крајот на февруари во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП