23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗголемена продажбата на Volkswagen за месец ноември

Зголемена продажбата на Volkswagen за месец ноември

golfcence

„Volkswagen Passenger Cars“ забележа многу добри деловни резлутати во месец ноември, при што продажбата на оваа компанија е зголемена за 3.4 проценти или 522.100 единици, а за споредба во истиот месец од 2012-та година беа продадени 504.800 возила.

Исто така, компанијата оствари продажба на 5.4 милиони возила во периодот од јануари до ноември, додека минатата година оваа бројка изнесуваше 5.2 милиони автомобили, со што беше остварено зголемување на продажбата за 5.4 проценти.

Најважниот модел на компанијата „Golf“ во изминатиот период имаше многу добри резултати со оглед дека за скоро една година, овој автомобил беше продаден во 500.000 примероци.

Во азиско-пацифичкиот регион, „Volkswagen Passenger Cars“ оствари зголемување на продажбата од 15.8 проценти во периодот од јануари до ноември испорачувајќи им на купувачите 2.4 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП