26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов Twitter: Што се е променето во новиот дизајн

Нов Twitter: Што се е променето во новиот дизајн

twt

Менувањето на дизајнот и поголемата интеграција на приватните пораки се најновите подобрувања кои „Twitter“ им ги овозможува на корисниците на смартфони.

„Twitter“ вчера ја објави новата надградба на која работеле веќе подолго време. Апликацијата поседува „tab“ со приватни пораки во кои сега можете да испраќате и фотографии.

Поголемата интеграција на приватните пораки, како една од клучните работи, е желбата на корисниците која подолго време беше занемарена. Со оваа одлука од „Twitter“ се обидуваат да влезат во трката со апликациите за испраќање пораки, како „WhatsApp“.

Голем број на корисници и досега ги користеа приватните пораки т.н. „DM“, но по овие промени сигурно повеќе луѓе ќе почнат да го користат „Twitter“ за допишување.

twt1

Кога ќе ја отворите апликацијата, прво ќе го видите новиот „timeline“ во кој се наоѓаат табовите „Home“, „Discover“ и „Activity“ кои се поместуваат лево-десно. Ова делува многу убаво и со текот на користењето тие се многу практични и прегледни.

„Twitter“ моментално има 232 милиони активни корисници на месечно ниво, а „WhatsApp“ 350 милиони. Иако оваа друштвена мрежа има неколку години предност во однос на оваа апликација, и натаму мора многу да работи за да биде конкурентна на овој пазар.

Доколку „Twitter“ стане помоќен, како во приватната, така и во јавната комуникација, тоа би му донело неверојатна моќ кога се друштвените мрежи во прашање.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП