3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставени моделите M3 Sedan и M4 Coupe (видео)

Претставени моделите M3 Sedan и M4 Coupe (видео)

BMW M3_M4

По првите официјални фотографии, „BMW“ ги објави и техничките детали за моделите „M3 Sedan“ и „M4 Coupe“, како и промотивните видеа за двата автомобили.

Така, новите „M3“ и „M4“ под хаубата ќе имаат 3.0 литарски шестцилинарски „TwinPower Turbo“ мотор со 431KS и 550 Nm вртежен момент.

Стандардно ќе биде вграден мануелен шестстепен менувач (со него забрзувањето до 100 km/h трае 4.3 секунди), а на купувачите ќе им биде достапен и изборен седумстепен „M DKG“ менувач со двојна спојка (забрзувањето во овој случај изнесува 4.1 секунди).

„BMW M3“:

Најголемата брзина традиционално е ограничена на 250 km/h, додека просечната потрошувачка на гориво во зависност од менувачот се движи од 8,3 дo 8,8 l/100 km.

vnatre m3

Во овој пакет се и агресивниот „aero body kit“, покривот од јаглеродни влакна, „M“ бандажите од 18 инчи (изборно и од 19 инчи), изменета суспензија, посилни сопирачки, изборни карбон-керамички сопирачки, спортски издувен систем со четири цевки, како и разубавена внатрешност (спорски седишта, „M“ спортски волан и многу други работи).

„BMW M4“:

„BMW M3 Sedan“ ќе се изработува во фабриката во Регенсбург, додека „M4 Coupe“ ќе се произведува во погонот во Минхен. Првото појавување пред пошироката јавност на двата модели се очекува на авто-саемот во Детроит во јануари, додека во продажните салони ќе се појават напролет.

Што се однесува до цената, за „BMW M3“ во Германија таа започнува од 71.500 евра, а за „BMW M4“ од 72.200 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП