6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple го обезбеди патентот за закривен екран околу смартфонот

Apple го обезбеди патентот за закривен екран околу смартфонот

iphone_6_curved

За комплетен редизајн на „iPhone“ се шпекулира и зборува веќе со години, а досега различни модели беа во оптек – модел во форма на солза, поголем 4.5 инчен уред, потенок „iPhone“, со закривен екран и многу други.

Некои од овие опции изгледа се уште се во оптек, судејќи според патентот кој го обезбеди компанијата од Купертин.

„Apple“ за себе го осигура патентот кој го опишува методот за креирање на закривени „touchscreen“ екрани. Тука нема ништо необично, иако многумина сметаат дека ќе следи нова серија тужби и патентна војна, затоа што „Samsung“ и „LG“ веќе ги претставија своите уреди со закривени/флексибилни екрани.

Но, конкретно за каков патент станува збор и кога ќе можеме да го видиме производот во кој ќе се имплементира споменатиот екран, останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП