Овен (21.03 – 20.04)
Обидете се да не се оптеретувате премногу со туѓите грижи, бидејќи многу работи досега сте ги преземале на својот грб. Младите лица од овој знак може да очекуваат голем успех, а ако сте родени во 80-тите, ќе мора во нешто да му попуштите на еден Јарец или на некоја Водолија.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес обидете се да издржите без оглед колку ве нервира секојдневниот ритам кој често е пренапорен за вас. Со добра организација на работите ќе успеете да го постигнете она што го сакате. Би требало да закажете деловен состанок со некој Јарец или некоја Вага.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се обидувате да се прилагодите на условите за работа кои се доста неповолни или стресни, но можно е да сте избрзале со склучувањето на договор со некој кој е неверодостоен, но вие не сакате да го поништите дадениот збор. Односот со семејството станува затегнат и прилично напорен.
Рак (22.06 – 22.07)
Треба да бидете повеќе прилагодливи и подготвени да се соочите со сето она што навистина ви претставува проблем. Не ја префрлувајте одговорноста на другите, особено не на оние кои не се виновни за ништо. Ви претстои некаков договор со некој Бик или Вага. Некој Лав ви прави сплетки.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе мора да се соочите со реалноста во врска со некој проблем кој трае извесен период а решението никако да го пронајдете. Се обидувате да го дадете максимумот од себе и тоа засега дава најдобри резултати. Еден Рак ви помага да се адаптирате на новите услови за работа.
Девица (23.08 – 22.09)
Нетрпеливи сте и постојано го менувате вашето мислење, расположение, правите тактика како да се поставите во ситуација во која реално имате на кого да се потпрете. Ја користите слабоста на другите за да успеете да ги истакнете своите квалитети.
Вага (23.09 – 22.10)
Навистина придржувањето кон даден план и рутина ви дава чувство за контрола над вашиот живот, но тоа прави да ви недостига забава. Денес почитувајте ги правилата, но не претерувајте. Внесете мала доза на авантура во вашиот живот. Направете нешто непредвидливо. Прифатете нечија понуда за лудување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Првата половина од денот поминете ја во елиминирање на обврски од вашата дневна листа. Не дозволувајте некој да ве извади од колосек и да бидете принудени да надоместувате во текот на следните денови. Ќе запознаете личност која заслужува да биде ценета, па покажете и колку ја почитувате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Иако сте сигурни дека се движите во правилната насока, обидете се да се потпрете на вашите блиски за консултација за вашите постапки. Уживајте во моментите поминати со луѓето кои ги сакате. Тие не можат да бидат заменети ниту со најголемото материјално богатство на светот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Контролирајте ја вашата желба да избегате од секојдневните обврски и случувања. Склони сте да фантазирате или да прифаќате мали авантури со цел да се почувствувате живи и исполнети. Се додека тие ваши мали испади не им попречуваат на вашиот професионален и личен живот, треба да ги практикувате. Најдобро е секогаш да бидете онаму каде што сакате, а денес лесно ќе успевате да го постигнете тоа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе бидете исклучително зафатени, но не заборавајте да им дадете одмор на вашиот мозок и на вашето тело. Ќе имате обврски кои ќе бараат од вас многу мислење, концентрација и творење, па тоа може да ве доведе до психичка и физичка исцрпеност. Некои подалечни пријатели или членови на семејството ќе се вртат постојано во вашите мисли. Па, направeте кратко патување и посетите ги.
Риби (20.02 – 20.03)
Не се согласувате со ставовите на сите ваши колеги и се трудите да го зачувате духот во некоја ситуација која според вас е помалку неповолна или во моментов така мислите. Во очекување сте на повик од некој кој не го познавате доволно за да бидете сигурни дека е доволно искрен кон вас.