Софтверскиот гигант „Google“ ги отвори првите центри за податоци во Азија, во Тајван и Сингапур, се со цел да ја зајакне основата за понатамошно проширувње на активностите во тој регион.
„Google“ на овој потег се одлучи затоа што во Азија, каде што живее половина од светската популација, има се поголем број на луѓе кои имаат пристап до интернет.
„Благодарејќи на новите центри, корисиците во овој регион ќе имаат побрз и посигурен пристап до алатките и услугите на „Google““, вели потпретседателот на дата-центрите, Џое Кава.
Според зборовите на Кава, интернетот во Азија расте со неверојатна брзина. Помеѓу јули и септември оваа година повеќе од 60 милиони луѓе од овој континент за прв пат имале пристап до интернет преку мобилен телефон, што е двојно повеќе од бројот на жители на Канада или три пати повеќе од бројот на жители на Австралија.
Благодарејќи на големиот пораст на бројот на корисници на интернет, Азија стана клучен пазар на интернет компаниите. Па така Кина, најголемата азиска економија, има повеќе од 500 милиони корисници на интернет и е најголемиот интернет пазар во светот.
Во Индија бројот на корисници двојно се зголеми во последните две години на 200 милиони. Според податоците на „Google“, оваа стапка на раст во САД е достигната за период од дури шест години.
Компанијата има во план во тајвнаскиот центар да вложи 600 милиони долари.