20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвите фотографии на BMW M3 и M4 (фото)

Првите фотографии на BMW M3 и M4 (фото)

m serija

Фотографиите на новата генерација на моделот „M3 Sedan“, но и на првиот „BMW M4 Coupe“ во историјата на компанијата, објавени се на интернет пред официјалната премиера на двата автомобили. И додека со дизајнот на „BMW M4“ веќе сме запознаени при претставувањето на концептната верзија, фотографиите за прв пат го откриваат новиот „M3 Sedan“.

Иако со формирањето на „Serieѕ 4“, „BMW“ ги оддели купе и седан верзија на својата компактна лимузина, германскиот производител одлучи спортските, „M“ модели да ги претстави заедно.

m serija1

Тоа се подразбира, кога се знае дека автомобилите делат иста механичка платформа и ист погонски агрегат.

Покрај тоа, „M3“ и „M4“ имаат сличен преден дел на возилото, кој го карактеризира специфична, црна маска на ладилникот и браник со големи отвори за воздух.

m serija 2

На двата модели се истакнува црниот покрив од јаглеродни влакна, како и типичните алуминиумски бандажи по кои се препознатливи „М“ верзиите.

Разликите се забележуваат кога ќе се погледне силуетата на автомобилот, како и задните делови на возилата, а особено во изгледот на стоп-светлата.

m serija 3

Тоа што е заедничко за „M3“ и „M4“ се пропознатливите хромирани цевки на издувниот систем.

Според претходните најави, „BMW M3 Sedan“ и „M4 Coupe“ ќе добиваат снага од шестцилиндарскиот 3.0 литарски „TwinPower Turbo“ мотор со 430 ks (316 kW) и максимален вртежен момент од преку 500 Nm.

m serija 5

Повеќе технички детали за „М3“ и „М4“ верзиите на „BMW“ ќе бидат познати наскоро, по официјалната премиера на двата модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП