ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија со најниска просечна плата од земјите од поранешна Југославија

Македонија со најниска просечна плата од земјите од поранешна Југославија

Иако властите покажуваат бројки со висок раст, македонсккиот граѓанин има меѓу најниските просечни плати во регионот.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата изнесува 48.381 денар(787 евра), што ја поставува земјата на дното во споредба со државите од поранешна Југолсавија како Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

Во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 6.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 % и Транспорт и складирање за 8.0 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9.0 %, Уметност, забава и рекреација за 6.2%, и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9%.

И покрај континуираниот раст, Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа според висината на просечната плата.

Подобро од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 1 008 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 864 евра, во Црна Гора 1.036, во Хрватска 1.555 и во Словенија 1.723 евра месечно.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП