АВТОБИЗ

Познати се детали за моделот McLaren P13

p13 model

Откриени се првите официјални детали за „McLaren P13“, спортскиот автомобил кој би требало да конкурира на „Porsche 911“, a чија продажба е најавена за почетокот на 2015-та година.

„P13“ ќе има твин-турбо 3,8-литарски V8 мотор со 444 „коњски сили“, а неговата цена ќе биде 120.000 фунти. Истиот агрегат се наоѓа и во моделот „12C“, каде произведува 616 ks.

Се уште не се знае како „P13“ ќе изгледа, но познато е дека дизајнот ќе биде под влијание на поголемиот модел „P1“.

Автомобилот ќе биде опремен со шасија „MonoCell“ од јаглеродни влакна, која е вградена и во „12С“.

Според најавите од компанијата, прво ќе биде претставена верзијата купе, а во 2016-та година на купувачите ќе им биде понудена и „spider“ верзија со подвижен цврст покрив.