1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРечиси е готов смартфонот на Nokia базиран на Android

Речиси е готов смартфонот на Nokia базиран на Android

nokia android

„Nokia“ е речиси готова со паметниот телефон, чиј оперативен систем е базиран на „Android“. Идејата е уредот да биде предложен во ниската ценовна класа, објави онлајн изданието „The Verge“, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

Компанијата го користи само основниот код на „Android“, но многу сериозно го преработи за да ја следи нејзината филозофија. Сепак, софтверот е компатибилен со повеќето „Android“ апликации. Принципот на „Nokia“ е позајмен од „Amazon“, кој исто така користи високо модифицирана верзија на „Android“ за своите „Kindle“ уреди.

Уредот носи кодно име „Normandy“ и се развива со идејата да биде еквивалент на евтините телефони од серијата „Asha“. Ако биде доволно добро прифатен, може да се очекува и негова замена, а се очекува овој паметен телефон да биде претставен во 2014-та година.

Не смее да се заборави дека, сепак, тогаш ќе биде финализиран и договорот со „Microsoft“. Многу е веројатно софтверскиот гигант да одлучи да нуди уреди со друга платформа, наместо својата „Windows Phone“. Засега нема официјален коментар од двете компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП