21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо постави нов рекорд

Роналдо постави нов рекорд

Cristiano-Ronaldo

Играчот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо постави нов рекорд, овојпат во Лигата на шампионите. Тој е првиот фудбалер во групната фаза од Лигата на шампионите кој успеал да постигне девет голови.

Рекордот го постави на синоќешниот натпревар против Копенхаген во Данска. Португалецот беше стрелец на вториот гол за Реал во 48.минута.

Достигнувањето на Роналдо добива на „тежина“ со оглед на тоа што тој од шесте средби во групната фаза од елитното натпреварување има еден пропуштен натпревар (против Галатасарај во 5.коло), а синоќа во 89.минута не реализира пенал.

Со по осум голови зад Роналдо се наоѓаат четворица играчи: Руд ван Нистелрој, Филипо Инзаги, Ернан Креспо и Златан Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП