26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.12.2013

Дневен хороскоп 11.12.2013

horoskop1

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Интересен ден, особено за родените во првата и почетокот на втората декада од знакот бидејќи се под влијание на Месечината и Меркур, што им носи ентузијазам и потреба за подобра комуникација со оние со кои сакаaт да ја продолжат или обноват соработката. Аспектот меѓу овие две планети ви носи многу нови работи, заинтересираност и подготвеност да се впуштите во нови работи. Не ја одбивајте работата од еден Рак или Риба, иако тие не ви се симпатични.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Очекувате да се случи нешто интересно на деловен план и да го добиете она што ви припаѓа, без оглед дали станува збор за пари кои некој ви ги должи или за предлог за нова работа. Деловните односи со Стрелец би можеле да бидат подобри ако вие бидете малку потактични. Можна е вест за добивка. Транзитот на Месечината ве прави многу интригантни, никој не може да ве прочита. Многумина ви завидуваат на вашата позиција, а вие сеуште се грижите за финансиите и барате подобро работно место.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Поседувате интуиција, која е една од особините на припадниците на овој знак. Претчувствувате дека треба да се дистанцирате од туѓите проблеми. Луѓето ќе ви бидат благодарни и ќе ве ценат. Подложноста на влијанија од средината е силна, но од неа можете да имате корист.Разговарајте за проблемите кои ги имате со некоја блиска личност на која можете да и кажете се, таа ќе ви помогне околу разрешувањето.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се. Разговорот со вашите соработници ќе ве врати назад на патеките на успехот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата интуиција денес ќе ви претскаже дека треба да стоите подалеку од одредена личност. Послушајте ги вашите претчувства, за подоцна да не жалите. Вашата енергија ќе варира. Во еден момент ќе имате доволно енергија за да поместите планина, а во друг, ќе се измачувате да ја подигнете раката.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес храбро ќе ги искажете своите идеи, без да се плашите како ќе бидат прифатени тие. Ќе се изненадите кога ќе видите дека луѓето околу вас немаат ништо против вашите нови идеи. Денес е ден за експериментирање, па позабавувајте се со својот изглед. И самите знаете дека што и да ставите на себе, нема да си дозволите модна грешка. Само храбро!

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност. Парите нема да ви бидат проблем, но внимавајте да не ги трошите на глупости.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Бурно реагирате на секоја ситуација. Ви недостасува одлучност, па незадоволство комбинирано со страв го манифестирате во вид на стрес. Професионалната ситуација е под строга контрола. Можна е понуда за нова работа, но додека не бидете подготвени да ризикувате не се надевајте на подобрување во тој однос.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не дозволувајте да ве победи паниката, мора да се борите ако сакате стравот да исчезне. На повеќето околности не може да влијаете. Доколку ова го разберете, полесно ќе ја пребродите кризата. Нешто ве загрижува подолго време. Можна е комуникација со некој кој одамна не сте го виделе, внимавајте неговото повторно појавување е само од интерес.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптеретувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Слушајте ги соработниците, тие ќе ви помогнат онаму каде што ќе заглавите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе биде неопходно да направите компромис за да избегнете непосакуван конфликт. Бидете трпеливи за да го завршите денот со насмевка. Можна е некоја кавга со некој Бик но воздржете се од таквата ситуација, еднаш и вие мора да попуштите. Овој период ќе бидете нетрпеливи да купите се што ќе видите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП