3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИБМ Нанотехнолоџи - најтивко место во светот

ИБМ Нанотехнолоџи – најтивко место во светот

ibm

Најтивкото место во светот се наоѓа во Цирих, каде не се слушаат никакви звуци. Станува збор за „глува“ лабораторија, која е дел од ИБМ Нанотехнолоџи, во вредност од 90 милиони долари.

Оваа просторија го придушува звукот толку темелно што кога ќе го доближите увото блиску до ѕидот внатрешното уво станува неурамнотежено, создавајќи чувство на вртоглавица и нагон за повраќање, објаснува архитектот Емануел Лерчел, во интервју за „Бизнис Инсајдер“.

Компанијата ИБМ овие простории ги користи за работа со нанотехнологија. Работите изградени на наноскала се толку мали, така што вибрациите од звукот ја отежнуваат работата со нив.

ИБМ, поради тоа, создаде „свет без звук“ во кој ќе можат да работат на минијатурни компјутерски чипови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП