5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупот на земјоделски производи во октомври над милијарда денари

Откупот на земјоделски производи во октомври над милијарда денари

prodazhba-otkup

Во октомври годинава вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 1.063.576.000 денари и бележи пад за 6,4 отсто во споредба со октомври минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 6,9 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 5,9 отсто.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување се забележува кај житата, фуражните растенија, грозјето, добитокот и млекото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП